Сообраќајот по влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, од завчера вечер е затворен за сообраќај. Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) сообраќајот се пренасочува низ градот Битола.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници