-->
-->
Сопственоста на земјиштето пречка за изградба на затворен градски пазар во Велес
-->

Најавениот капитален проект во Општина Велес за изградба на затворен градски пазар ќе се реализира откако ќе се реши проблемот со сопственоста на земјиштето коешто претходната локална власт и го вратила на државата. Веќе се преговара со Министерството за транспорт и врски за земјишето повторно да и се врати на општината, информира денеска градоначалникот на Велес Аце Коцески.
Тој е оптимист дека во најскоро време ќе се најде решение за да може да се реализира проектот.
– Се надевам дека во наредните неколку дена грешката ќе се исправи бидејќи претходното локално раководство корисничкото право од ЈКП „Дервен“ и го вратило на државата. Сега за државата да ни ја врати парцелата односно градежното земјиште назад имаме сериозни проблеми. Верувам дека ќе ги надминеме и оти наскоро ќе почнеме со реализација на тој градежен проект, изјави Коцевски.
На прес-конференција на крајот на минатата година Коцевски информираше дека Владата од Буџетот за 2019 од ставката за капитални дотации и додели на Општина Велес 40 милиони денари за изградба на затворен градски пазар. Вкупната инвестиција за проектот е 82 милиони денари, а втората половина од средствата Општина Велес планира да ја обезбеди со продажба на деловните простории што ќе бидат во состав на затворениот градски пазар.
Коцевски изградбата на затворен градски пазар ја најавуваше во предизборната програма во 2017, а претходната локална власт изработи и проектна документација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
