Состанок на лидерите на Западен Балкан: Инклузивноста и добрососедските односи донесоа повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот
Духот на инклузивност и на добрососедските односи што го поттикнаа состаноците за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан донесе повеќе придобивки од непосреден интерес на граѓаните во регионот е еден од заклучоците на третиот состанок за унапредување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан што денеска се одржува во Тирана.
Состанокот, како што информираат од владината прес-служба, започна со работниот дел на кој претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама и претседателите на Црна Гора и Србија Мило Ѓукановиќ и Александар Вучиќ го разгледаа напредокот на спроведување на четирите слободи во регионот, утврдени на претходните два состанока во Охрид и Нови Сад.
-Трагедијата предизвикана од земјотресот во Драч поттикна взаемната поддршка при природни катастрофи и вонредни состојби да биде вклучена како уште еден столб во унапредувањето на соработката во регионот, и во таа насока во февруари во Белград, надлежните институции на секоја од земјите од Западен Балкан ќе го потпишат документот Протокол од Драч за соработка на дирекциите за заштита и спасување, се вели во соопштението од Владата.
Со поттик од иницијативата за соработка во регионот, се додава, завршија преговорите меѓу Република Србија и Македонија и наскоро ќе започне градбата на новиот граничен премин Лојане – Миратовац, до следниот состанок на оваа иницијатива во Белград, царинските дирекции на Македонија и на Албанија ќе го потпишат договорот за One Stop Shop за граничниот премин Ќафасан, каков што имаме со Србија на граничниот премин Табановце.
-Главната цел на овие One Stop Shop, односно гранични контроли со едно застанување наскоро да станата – Нон Стоп Шоп, односно премини без застанување, и како придонес за остварување на оваа постапка ќе биде и воведувањето на бесхартиен систем кој ќе ги поедностави царинските постапки. Во таа насока за истакнување се и неодамнешните одлуки донесени во рамките на ЦЕФТА, за време на претседателството на Албанија, особено одлуката за автоматско признавање на овластени економски оператори, и унифицирањето на процедурите за работни дозволи за сите граѓани во сите држави во регионот, велат од Владата.
Лидерите на земјите учеснички и на оваа средба, потенцираат, го реафирмираа ставот дека оваа иницијатива има за цел да ја забрза соработката за да се олесни и забрза процесот на европска интеграција на секоја од земјите од Западен Балкан, и дека таа е отворена за сите шест земји во регионот.
На состанокот во Тирана лидерите од Западен Балкан позитивно го оценија охрабрувањето на Европската комисија, на политичките и финансиските институции на ЕУ, на Регионалниот совет за соработка, како и на Светската банка, и другите приврзаници на европската перспектива на регионот за поддршката во спроведувањето на иницијативите што произлегоа од овој процес.
Ново на Сител
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница