Состанок на раководството на СДСМ, ИК на ВМРО-ДПМНЕ разговара за актуелните состојби
Во владејачката СДСМ вечерва ќе се одржи состанок на раководството на партијата. На два дена по референдумот состанок вечерва има и Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Извори од двете партии велат дека станува збор за редовни состаноци.
Од СДСМ потенцираат дека станува збор за редовен состанок на партиското раководство.
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочуваат исто така дека се работи за редовни состаноци на кои раководството на партијата ќе разговара за актуелните состојби во земјата.
Состаноците на двете најголеми македонски партии се актуелни поради барањето на премиерот Зоран Заев од неделата по гласањето на референдумот пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ да поддржат уставни измени или да се оди на предвремени избори.
Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, нивните пратеници нема да поддржат уставни измени, а во однос на предвремените избори ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои барања - 100 дена претходно да има влада според Пржинскиот модел.
Исходот од разговорите меѓу партиите за кои се тврдеше дека ќе почнат деновиве треба да се знае до следната недела.
Ново на Сител
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила
-
Македонските ракометари се пласираа во Главната рунда на СП 2025
-
Двајца малолетници пронајдени мртви во гаража во Рашка
-
Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел
-
Горан Димовски го извлече Светиот Крст во Кратово
-
Јаневска: Реформите во образованието ќе значат поставување темел на успех и просперитет на државата
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава