Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ:
Од 03.7.2023 ќе се започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга - Дебар (фаза 1 асфалтирање кај с. Глобочица и фаза 2 - асфалтирање кај с. Луково) каде што ќе има целсно затворање на сообраќајот од 10:00 до 14:00 часот. Градежните активности на регионалниот пат ќе се извршуваат до 08.7.2023 г.
Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 19.06 до 23.06.2023 год., делницата Велес - Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.
Ново на Сител
-

Зеленски со остра критика кон ЕУ во Давос: Европа чека насоки од Трамп, наместо да преземе акција
-

Седница на ДКСК - избор на генерален секретар, постапување по предмети и по пријави од укажувачи
-

На собраниска седница Законот за прекршоците, последниот потребен за да стартува примената на „Безбеден град
-

Одбележување на Неделата за подигнување на свеста за борбата против ракот на грлото на матката
-

Амандманска распарава за измените на Кривичниот законик во матичната собраниска комисија
-

АЕК ќе додели одобрение за трет мобилен оператор на „ОНЕ Македонија телекомуникации“
-

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ со вкрстено испитување на сведок од ФЗО
-

Трамп: „Огромна флота“ е на пат кон Иран
