Бизнис
25. November 2020 - 18:24

Состојбата во здравството тема на Комсијата за финансирање и буџет

Преоптимистички и неразвоен е предлог буџетот за наредната година, смета опозицијата. Власта ќе продолжи со нерационални трошоци, наместо со капитални инвестиции и вложувања во здравството. Затоа поднесоа речиси 400 амандмани, со кои бараат изградба на нови и реновирање на постојните инфективни болници, бесплатни ПЦР тестови за сите граѓани, дополнителни мерки за здравствените работници. Власта пак тврди, токму здравството е во фокусот на овој буџет.

Власта се пофали дека во предлог буџетот има обезбедено социјална помош за дополнителни 5,000 домаќинства. Очекуваат наредната година, поради отказ или затворање на бизнисите уште толку семејстава да живеат од социјална помош

Согласно законот, комисиската  расправа за предлог буџетот треае 10 дена, по што ќе се најде пред Пратениците.