Loading Video...
Балкан
19. April 2021 - 16:52

Советот на амбасадори го осуди словенечкиот нон-пејпер

Документот за прекројување на балканската мапа постои. Доаѓа од пријателска Словенија, а во него е вметната опасна идеја која ќе донесе несогледливи последици за Балканот. Осуда за нон пејперот кој го вознемири регионот стигна и од Советот за амбасадори.

Од ова дипломатско тело цврсто стојат на ставот дека етноцентризмот, национализмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање, а Словенија треба да се занимава со поинаква агенда. 

За Халили е важно што глобалните фактори како САД и посебно Германија, јасно се оградија од промена на границите на Балканот, односно од идејата која според Халили, доаѓа од националистичките кругови во регионот.

Потврда за постоење на мапата со прецртан Балкан стигна и од албанскиот премиер Еди Рама, кој се воздржа од коментар на темата. Поранешниот меѓународен претставник во Босна, пак, открива дека нон пејперот не е единствениот кој кружи низ Европа.

Според Кристијан Шварц Шилинг, заедничко за сите нив е што се занимаваат со решавање на босанското прашање и како одличен познавач на регионот, ја повикува ЕУ решително да застане против сценаријата за менување на балканските меѓи.