Македонија
30. May 2023 - 16:34

Советот на Град Скопје расправа за финансиската состојба на градската каса и санацијата на мостот ,,Беласица‘‘

Ниту Градот Скопје е пред банкрот, ниту сметката е блокирана , тврди градоначалничката Данела Арсовска. Градската каса била во добра состојба, но старите долгови и достасаните сметки биле виновни за неисплатените трансакции.

Со жестоки обвинувања и квалификации Арсовска вината ја префрли врз советниците од како што рече коалицијата ВМРО-СДСМ кои сакале да ја направат единствен виновник во ситуацијата.

По низата навреди кои им ги упати, советниците бараат градоначалничката да достави писмени докази дека сметката на Градот Скопје не е блокирана. Обвинуваат дека Арсовска нема реализирано ниту еден капитален проект во главниот град.

Од Град Скопје, пак, се правдаат дека се прави се за да се вратат долговите на претходните градоначалници, кои според актуелната локална власт, работеле недомаќински и натрупале милионски долгови.