Советот на Општина Центар ќе одлучува по барањата на пазарџиите на Зелен пазар
Барањата на пазарџиите на Зелен Пазар ќе ги разгледа Советот на Општина Центар на наредна седница, а ќе ги достави градоначалникот на Општината Саша Богдановиќ. Ова е резултат од вчерашната средба на градоначалникот Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, со пазарџиите од „Зелен Пазар“.
На состанокот, како што соопштија од Општина Центар, присуствуваа претставници од трговците кои на градоначалникот и директорот им ги соопштија проблемите со кои се соочуваат со нелегалните продавачи на стока и роба на паркингот со кој стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар, како и со новите измени во поскапување на цените за паркирање на територијата на Општина Центар.
Преку аргументирани забелешки, се додава во соопштението, двете страни постигнаа договор за надминување на разликите, кои изминатиов период манифестираа со неколкудневен штрајк од страна на пазарџиите на „Зелен Пазар.“
-Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение и не сакаме никого да оштетиме, туку напротив, сакаме да воведеме ред. Доставете ги писмено вашите барања во архивата на Општината, како би можел да ги разгледам и да ги предложам на следната седница на Совет на Општина Центар, изјави градоначалникот.
Богдановиќ потенцира дека ќе ги предложи барањата на пазарџиите на наредната седница на Советот на Општина Центар, каде за нивните барања ќе одлучуваат советниците на Општина Центар.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација