Loading Video...
Фудбал
25. November 2022 - 18:29

СП 2022: Прва победа на Иран

Во првиот натпревар од шестиот ден на Светското фудбалско првенство 2022, репрезентацијата на Иран го победи Велс со 2:0.

Стрелци на головите беа Чесми и Резаин во судиското надополнување.

Со овој натпревар започна второто коло на Мундијалот во Катар.

Иран по два натпревара има три бода и шанси за пласман во осминафиналето, додека Велс остана на само еден бод и само со теоретски шанси да ја мине групата Б во која се уште и Англија и САД

Денес на распоредот се уште три натпревари:

Катар – Сенегал (14 часот)
Холандија – Еквадор (17 часот)
Англија – САД (20 часот).