Loading Video...
Ракомет
10. November 2020 - 19:57

СП Египет: Ракометарите останаа без вајлд-карта

Ракометната репрезентација на Македонија останува без учество на СП во Египет откако интернационалната федереција ИХФ одлучи валјд-карата да му ја додели на Чиле.

           Иако нашата репрезентација беше редовен учесник без пауза на големите европски и светски ракометни натпреварувања сепак следниот Мундијал кој ќе се игра во Египет ќе мора да го пропушти. Надежите за капитенот Лазаров и неговите колеги од националниот тим завршија денеска откако ИХФ му додели вајлд-карта на Чиле како една од најквлитетните селекции во Јужна Америка.

          До ваквата разврска дојде откако поради коронавирусот не се одржа турнирот Последна шанса на кој требаше да настапат селекции од Средна и Јужна Америка. Така се формира и последната мундијалска група со Египет, Чешка, Шведска и Чиле.

          Штета бидејќи настап во Египет ќе дојдеше добро на нашите млади ракометари кои полека се пробиваат во репрезентативниот тим по добрите игри во квалификациите за ЕП каде Македонија стартуваше со две победи и заедно со Данска направи голем пробив кон првите две позиции на табелата.