Loading Video...
Ракомет
25. January 2021 - 19:56

СП Ракомет: Македонија го освои 23. место

Ракометната репрезентација на Македонија е 23-та во светот според настапот на мундијалот во Египет каде настапуваат 32 селекции. 
Нашата репрезентација  успеа да забележи само една победа против Чиле. 
 
СП првенство продолжува без Македонија а денеска се играат неколку важни средби по што ќе биде познат конечниот список на учесници во четвртфиналето. 
Заега е позната само една двојка од елиминаторните рунди тоа е Египет – Данска .  Од великаните засега виси селекцијата на Хрватска која вечерва игра токму против Данска а сигурни патници се уште и Шведска, Франција и Норвешка.  Интересно од шампионатот отпадна селекцијата на Словенија која доживеа само еден пораз и тоа синоќа од домаќинот Египет. 
Словенците по мечот обвинија дека биле затруени од домаќинот на Мундијалот и на мечот настапиле со само 9  ракометари од кои дел морале често да одат во тоалет, тврди репрезентативецот на оваа земја Доленец. 
Македонија неславно го заврши настапот и не може да биде задоволна од прикажаното.  Петте порази се само потврда на фактите кои беа веќе одамна познати дека ракометната иднина е загрозена.  Заминувањето на Лазаров, Ристовски, Миркуловски, Стоилов и останатите од славниот состав тешко дека ќе биде надополнето во блиска иднина. 
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов деновиве ја доби безусловната поддршка од клубовите да продолжи како прв човек на македонскиот ракомет. Одговорноста по Мундијалот во Египет ќе биде многу поголема, да се одбере вистинскиот пат за ракометен прогрес. 
Македонија е сепак земја на европски клупски прваци, и земја во која неизмерно се сака ракометот. Затоа само брзо дејствување и ракометно централизирање во сите категории може да не врати на стариот колосек. Очигледно потребен е нов Металург во кој ќе играат а не да статираат репрезентативците, да растат и се развиваат бидејќи без натпревари нема играчи великани какви што имаше Македонија.  Едноставно да не дозволиме да исчезне македонската ракометна Магија.