Спасовски: На 4-ти февруари да покажеме национално единство и да не потпаднеме на пропагандата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневникот на ТВ Сител вечерва, одговарајќи на прашањата во врска со тензиите околу одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, повика на сплотување и национално единство, токму овој ден да биде повод повеќе за надминување на разликите и обединување околу остварување на нашите стратешки интереси.
„Остварувањето на ниедна цел, посебно на најважните стратешки национални интереси никогаш не одела лесно, во ниту едно време, за ниту едно прашање... За тоа треба да се има храброст. А најважно од сѐ, треба да имаме национално единство за сите овие прашања. Затоа мислам дека на 4 февруари после сите подигнати тензии, Северна Македонија мора да покаже национално единство. Да покажеме дека сме едно и сплотени кога станува збор за нашите национални интереси. Ако тога го покажеме, нема никој којшто може да не загрози и нема сила којашто може да биде со пропаганда посилна од силата на граѓаните и на народот коишто сакаат да ги остварат стратешките цели“, порача министерот Спасовски.
Тој потенцираше дека полицијата со преземење на сите потребни мерки и со целосна посветеност ќе го обезбедува настанот со цел мирот и безбедноста целосно да бидат запазени за да се овозможи достоинствено чествување на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев.
„МВР секогаш носи одлуки на основа на информации и податоци коишто ги прибира аналитички и како институција не може да се води од тоа што се објавува по социјалните мрежи или е политика на разни политички структури. Оваа држава фунционира, има институции кои се задолжени за јавниот ред и мир и зачувување на сите аспекти од достоинството на македонската држава и македонскиот народ“, потенцираше министерот Спасовски.
Тој увери дека и покрај тоа што се подигнаа тензиите од страна на радикални структури од двете страни на границата, во сабота полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за сѐ да помине во најдобар ред.
„Секогаш незадоволните од нешто или оние кои сакаат да злоупотребат некој настан - се најгласни, но тоа не значи дека тие се мнозинство. Огромното мнозинство на граѓаните посакуваат и поддржуваат да имаме достоинствена прослава на овој ден на нашиот великан Гоце Делчев”, увери уште еднаш министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
