Спасовски покажа дека не може да се носи со одговорноста која ја носи функцијата министер за внатрешни работи
Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски покажа дека нема капацитет ниту волја да се справи со најновата ситуација, протестите во Бутел. По наредба на Спасовски полициските екипи вчера останаа нем сведок на дивеењето и вандализмот во општина Бутел, а тој пак се стави во одбрана на хаосот и беззаконието кое вчера се случуваше на местото каде планирана е изградба на крст.
ставајќи ги демонстрантите да кршат, уриваат, узурпираат простор и палат дрвја, Спасовски докажа дека нема ниту капацитет, ниту волја да се справува со демонстрации и да даде јасна наредба да се спречи хаосот кој вчера се случи во скопски Бутел.
Немањето капацитет на Спасовски да раководи со полицијата и некадарноста на партиските лица кои незаконски ги унапреди по неколку позиции во МВР уште еднаш се покажа на дело. Демонстрантите вчера наместо да бидат спречени во вандализмот им беше дозволено да го пробијат безбедносниот периметар, да кршат огради, палат дрвја и узупираат простор.
Дополнително потврда за немањето капацитет и ставањето во одбрана на прекршувањето на законот се покажа и со тоа што Министерството за внатрешни работи со кое раководи генералниот секретар на СДСМ нема поднесено ниту една пријава за вчерашните протести.
Наспроти ваквиот аматеризам, граѓаните и државните институции се штитеа вистински кога на чело на МВР беше Гордана Јанкулоска. Потврда за ова се неколкуте протести на кои учествуваа голем број на лица на кои не им беше дозволено да удрат по институциите. Со јасните и прецизно направените полициски стратегии и издадени наредби на демонстрантите кои протестираа за случајот „Монструм“ не им беше дозволено да ја остварат својата цел, напад на Основниот суд Скопје 1. Професионалното раководство на МВР вршејќи проценка на тогашните ситуации не дозволи ескалирање на состојбата, туку сузбивање на толпата луѓе. Дополнително во сите протести беа идентификувани најголем дел од прекршителите на законот и против истите беше поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“