Спасовски: Тој што напаѓа службено лице треба да сноси одговорност
Додека јас раководам со Министерството за внатрешни работи, немало определено мерка притвор за напад на службено лице. Тоа покажува дека недоволно се води сметка во овој дел, бидејќи тој што напаѓа службено лице, тој ја напаѓа државата и треба да сноси одговорност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање за нападот врз службено лице од страна на крадци на дрво во селото Смиловци што се случи пред две години, од кои дел беа ослободени поради недостиг на докази, Спасовски потенцираше дека мерките во овој дел треба да бидат брзи и ефикасни, бидејќи, според него, неказнивоста раѓа нов проблем.
- Затоа заеднички покренуваме дебати во овој дел. Морам да признам дека сега имаме многу подобра соработка од претходно со Јавното обвинителство кое се занимава со службените овластувања на полициските службеници. Многу почесто дискутираме за проблемите што ги имаме. Но, сепак, мислам дека правопропорционално треба да оди и заштитата на човековите права, но и заштитата на службените лица, посочи министерот Спасовски.
Ново на Сител
-
Курти тврди дека има соработка со Османи и дека разликите не се непремостиви
-
Собрание: На премиерот и на одредени членови на Владата им престанаа функциите, ќе ги вршат само неопходните функции до изборот на новата влада
-
На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци, дозволувале нелегално преминување на границата
-
Ограбена филијала на банка во Скопје
-
Макрон уште еднаш го повика Хамас да го прифати договорот за прекин на огнот
-
Сè што треба да знаете за изборите во ЕУ
-
Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос
-
Пратеничката група на Левица бара да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери