Спасовски: Во државата одговорност мора да има за секој

Во државата одговорност мора да има за секој, изјави денеска министерот за внатрешни работи Иливер Спасовски, во коментар на случајот кој новинарот Бранко Героски го изнесува во написи за наводен рекет од страна на лица под псевдоними.
– Сакам да ве уверам и вас и јавноста дека се што ќе биде побарано од Министерството од страна на Обвинителството кое вчера информираше дека е отворен случај, ние ќе бидеме тука за да можеме да ги обезбедиме сите материјални докази и да се расчистат сите овие случаи. Тоа е добро, да имаме отварање на каков било случај, не само од новинари и институции, туку и од граѓани. Се со цел, сите заедно да се вклучиме масовно во борбата против криминалот и корупцијата, како едни од најголемите болести на општеството, рече министерот.
Тоа се болести, додаде, што ги уништуваат перспективите и работните места.
-Затоа што корупцијата е нешто со кое нема напредок. Мора да и се застане на патот, без разлика од каде доаѓа. Посебно на корупцијата од високите структури во власт, поранешна власт, секаде. Заради тоа што на тој начин се праќа јасна порака дека во државата одговорност мора да има за секој. Без разлика дали е на функција или е обичен граѓанин, нагласи Спасовски.
Ново на Сител
-

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
-

Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
