Македонија
21. May 2022 - 11:14

Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од ФФМ

 Во Полициски Центар „Ѓорче Петров“- Скопје, денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски ги посетија реконструираните спортски терени, новото игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и системот за наводнување на игралиштето, наменети за  потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција  на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување четири столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица.

– Ова раководство на МВР продолжува со зацртаните плански активности во насока на континуирано и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно унапредување на условите за работа на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, а со цел реализација на стратешки поставениот концепт „Опремена полиција – безбедни граѓани”, се наведува во соопштението од МВР.