Спасовски: За 9.5% е намален вкупниот криминалитет
„Оваа интерпелација за мене претставува уште една можност со гордост да ги презентирам и конкретните резултатите од работењето на полицијата, каде во скоро сите сегменти е очигледно подобрувањето, а евидентно е и намалувањето на криминалитетот. За споредба, во периодот од 1 јануари 2021 до 15 април 2021 година регистрирани се 5.816 кривични дела и истите бележат тренд на намалување за 9,5% во споредба со истиот период минатата година. На пример, бројот на кражби е намален за 30 отсто, а бројот на тешки кражби за 22 отсто, одземањата на моторни возила за 28 отсто, а измамите за 37 отсто“, посочи министерот Спасовски што вели статистиката за сработеното досега.
Тој објасни дека организациските единици во Бирото за јавна безбедност активно постапуваат по седум оперативни акции, кои даваат видливи резултатите, и издвои дел од нив: „Меѓу покрупните реализации би ја потенцирал кривичната пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, поради основано сомнение дека издавале возачки дозволи на лица без положен возачки испит, како и против 28 граѓани, поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела.
Исто така, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, во соработка со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, сузбија криминална група, чии членови- вработени во Управните служби на МВР, злоупотребувајќи ја службената положба, издавале македонски патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет. Пријавените овозможиле на вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден државјанин на Македонија, да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет“.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
