Балкан
23. јуни 2021 - 10:11

Специјалното обвинителство на Бугарија го тужи шефот на бугарските русофили за шпионажа во корист на Русија

Долгогодишниот бугарски поранешен претседател на движењето Русофили, сега лидер на политичката партија „Ренесанса на татковината”, Николај Малинов е тужен од специјалното обвинителство за шпионажа и откривање државни тајни, јави дописникот на МИА од Софија.

Специјалното обвинителство ја објави информацијата, додавајќи дека покренале постапка против „политички лидер со иницијали Н.М., кој се ставил во служба на странска организација”.
 
Тој беше уапсен во Софија есента 2019 година, заедно со неколку други претставници и поддржувачи на движењето Русофили.

Во ноември 2019 година, тој беше ослободен од притвор за да биде лично награден од рускиот претседател Владимир Путин.

Малинов во моментов учествува на парламентарните избори како дел од коалицијата „Лева унија за чиста и света република”, заедно со поранешниот премиер и поранешен лидер на БСП, Жан Виденов.

Обвинителството соопшти дека бројни испрашувања на сведоци, претреси, заплени и лични извршени се претреси, изготвени се два компјутерско-технички прегледи, извршен е графолошки преглед на физичките докази, собрани препораки и документи, кои Малинов и ги предал на Русија.