СПМ оценува дека нелегитимната Влада на Ковачевски е целосно самоизолирана, несвесна за народното незадоволство
Социјалистичката партија на Македонија оценува дека нелегитимната Влада на Ковачевски е целосно самоизолирана, несвесна за народното незадоволство кое секојдневно се изразува низ целата држава.
Владата не се консултира со никого, не ги почитува барањата кои и се доставуваат и си носи своја политика и одлуки со што предизвикува народен бес и гнев и свесно провицира немири.
Владата не ги слуша работниците кои бараат свои права и повисоки плати, не ги слуша земјоделцците кои имаат сериозни проблеми и се без приходи за егзистенција со што го уништува производството на храна.
Оваа власт најавува пакети мерки но не ги консултира ни граѓаните ни стопанствениците. Премиерот и министрите „знаат се“ доведувајќи ја државата до дното во сите области на економија, право, политика, демократија.
Власта не ги слуша ни пензионерите кои секојдневно ги искажуваат своите сериозни егзистенцијални проблеми. За студентите и учениците не и е грижа ги остава без пари, без учебници, без знаење, а образованието е уништено и маргинализирано.
Огромно мнозинство граѓани се против уставни измени, а владата ги навредува и упорно ги лаже. Лаже дома и лаже во странство но очигледно е дека се се открива.
Здравството е во најлоша сосотјба од аспект на работа и од аспект на услугите кои ги дава но и за бројните афери кои се случуваат заради власта и нејзината партиципација во тоа. Граѓани гинат, горат, боледуваат, умираат а власта се фали колку сето тоа е убаво.
Граѓаните на Макеоднија не заслужуваат ваква аутистична влада која е со посебни потреби и целосно изгубена. Нема крај на овие загрижувачки појави кои се случуваат секојденевно и го уништуваат животот на луѓето кои масовно се селат.
Најважи се тендерите и профитите за власта и нејзините поданици, а се друго е неважно.
Социјалистичката партија на Македонија укажува на безузлезноста во која се наоѓаат нацијата и државата.
Затоа заедно со граѓаните бараме избори веднаш за оваа изгубена квази власт да си оди и да одговара за сите криминали и злодела.
СПМ
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист