Фудбал
4. October 2023 - 12:17

Објавена снимката од ВАР собата во контроверзниот пораз на Ливерпул

ПГМОЛ, англиската судиска асоцијација, објави видео од разговорот во ВАР собата, на натпреварот Тотенхем-Ливерпул, кога беше поништен голот на Луис Дијаз. Во саботата, Тотенхем го победи Ливероул со 2.1.

Многу полемики предизвика судењето на Сајмон Хупер, неговите помошници и судиите во ВАР-собата. Најмногу се зборува за поништениот гол на Ливерпул. Во 34. минута Дијаз погоди за водство на Ливерпул од 1:0, но помошниот судија сигнализираше офсајд.

Таа одлука беше потврдена по многу кратка проверка на ВАР, а во ВАР просторијата заклучија дека нема потреба да се цртаат линии за да се види дали Колумбиецот бил во недозволена позиција.

По натпреварот судиската организација ја призна грешката и порача дека голот на Дијаз бил регуларен. Тие потоа издадоа соопштение во кое тврдеа дека судијата Дарен Ингланд мислел дека голот на почетокот бил потврден на теренот.

По кратка проверка, тој се увери дека нема офсајд и само го извести судијата Хупер дека „проверката е завршена“ и дека нема ништо спорно.