Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс
Луис Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс. Искусниот стручњак ќе ја има улогата на советник во најтрофејниот клуб во Холандија, кој е во голема криза.
Тој ќе го замени Јан ван Халст, кој реши да се пензионира на крајот на својот мандат. Ова ќе биде трет мандат за трофејниот тренер во Ајакс.
Во Амстердам беше од 1988 до 1997 година, кога беше на чело на помладите категории, потоа беше асистент, а потоа и шеф на стручниот штаб. На Ајакс му го донесе трофејот во Лигата на шампионите во 1995 година.
Во текот на 2004 година кратко време беше технички директор.
Ван Гал во кариерата работеше и во Барселона, Алкмар, Баерн и Манчестер јунајтед.
„Сакам да му помогнам на Ајакс. Живеам во Португалија и ми одговара улогата на надворешен соработник. Можам да му го понудам моето знаење на надзорниот одбор“.
Ајакс моментално минува низ некои од најлошите моменти во својата 123. годишна долга историја. Минатата недела го загубија дербито против Феенорд со 4:0. Моментално се на 15. место на табелата во Ередивизија.
Минатата недела беше разрешен спортскиот директор Свен Мислинат, а се очекува и заминување на претседателот Пјер Еринг.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
-
Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување
-
Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат
-
Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна
-
Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден
-
Кривична и притвор за радовишанец, при претрес пронајдена е дрога и цигари со странски бандероли | ФОТО