Loading Video...
Спорт плус
2. July 2022 - 19:09

Спортските новинари го прославуваат 98 роденден на Светската организација

На денешен, 2 јули 1924 година, петмина спортски новинари (Франц Рајхел, првиот претседател на АИПС од Франција Торстен Тегнер од Шведска, , Виктор Боин од Белгија, Андреј Секура од Чехословачка и Хенри Поци од Франција) симболично во боксерски ринг ја формираа Светската Асоцијација на Спортските новинари, 
 
Повод 98-годишнината од постоењето на АИПС претседателот на оваа организација Италијанецот, Џани Мерло, со порака до сите спортски новинари ширум светот. 
 
„Тоа беше вистинскиот почеток на АИПС и мислам дека е важно да се запамети токму сега. Тие го избраа рингот за да ни покажаа дека треба да се бориме. Мора да се бориме да ја спасиме нашата независност и да ги спасиме нашите работни места, кои во моментов се во голема опасност“, порача Мерло. 
 
И македонската Асоцијација на Спортски Новинари е дел со светското семејство на АИПС, откако на конгресот во Баку, Азербејџан во 2014 година доби полноправното членство.