Македонија
3. јуни 2020 - 16:58

Справување со проблемот па патување во Бугарија

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов се надева дека Македонија брзо ќе се врати во нормала и границите ќе се отворат. Се уште не е познато кога ќе бидат отворени македонските граници.

-Секоја држава презема мерки според тоа каква е ситуацијата со пандемијата. Од нашата страна границата е отворена, гледам дека тука имате некакви мали проблеми, но се надевам дека за брзо ќе ги пребродите, ќе се вратите во нормала и ќе се отворат границите, изјави Ангел Ангелов, Амбасадор на Бугарија.

На прашањето пак дали за брзо време се очекува повторно да се сретне македонско-бугарската Комисија за историски прашања, Ангелов рече:

-Се надеваме многу скоро.

Ангелов денеска беше во Битола по повод бугарската донација наменета за битолската болница. Бугарски службеници во амбасадата и генералниот конзулат во Битола собраа лични средства за купување на заштитна облека – скафандери специјално направени за заштита од Ковид 19, кои, како што истакна бугарскиот амбасадор, докторите од првата линија може да ги користат вкупно 850 работни денови.