Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
Царинската управа соопшти дека мобилен тим спречил обиди за криумчарење и запленил 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот пазар. Пиротехничките материјали биле пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин „Белановце“.
До надлежното Основно јавно обвинителство, како што се наведува, ќе бидат поднесени кривични пријави до сторителите поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Спречени се и обиди за криумчарење на 1.100 таблети (REQUIP XL од 2mg, NEXIUM од 40mg, GALVUS Met од 50 mg, JARDIANCE од 25 mg), 149 парчиња инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml, како и 10 креми BACODERM од 15 mg и четири инјекции DEPOSELIN од 2.400.000 IU. Тие биле пронајдени замотани во завесите и во вентилацијата на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Турција – Косово, пријавен за влез на граничниот премин „Деве Баир“.
- Запленети се 9.296 таблети и 3.850 парчиња гел од 100 мг за потенција со вкупна вредност од 1,4 милиони денари откако се пронајдени при контрола на автомобил на граничен премин „Богородица“. Лековите се пронајдени во багажникот на автомобилот, инаку со германски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле двајца турски државјани, се вели во соопштението.
Во царинската испостава Скопје 1, царинските службеници заплениле 754 парчиња очила за сонце, фалсификати со потпис на познати брендови со потекло од Кина. Декларираната вредност од едно парче очила изнесувала 1,14 долари и требало да се продаваат на македонскиот пазар како оригинали. Очилата се пронајдени при контрола на стока наменета за увозник од Кавадарци, пријавена за увозно царинење. Поради сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост тие се запленети, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Мобилен тим на граничен премин „Блаце“ спречи криумчарење на 560 килограми маслиново масло пронајдено во багажниот простор на автобус со албански регистарски таблички, кој сообраќал на релација Тирана – Брисел, стои во соопштението.
Царинската управа информира дека 29 парфеми, 48 паричници, 17 комплети тренерки и 30 пара обувки, со ознаки на познати светски марки се пронајдени во просторот за багаж и во просторот за одмор на возачи на автобус со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин „Деве Баир“.
Три ловечки пушки и 324 патрони ловечка муниција се откриени на излез од државата на граничен премин „Табановце“ при контрола на возило извршена од мобилен царински тим. Оружјето е пронајдено под душекот на импровизиран кревет во патничко комбе со грчки регистарски таблички со кое патувал грчки државјанин во придружба на неговото семејство.
- Непријавени автоделови со вредност од над 200 илјади денари се откриени од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин „Табановце“ при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камионот и се запленети, се наведува во соопштението.
Мобилен тим исто така запленил употребувани гуми, по извршена контрола на камион натоварен со стока од Швајцарија, наменета за увозник од Скопје. Камионот бил пријавен за увозно царинење во царинска испостава Скопје 2, каде е утврдено дека дел од стоката не е опфатена со царинската декларација.
На влез во државата на граничен премин „Табановце“ е спречено криумчарење на 275 парчиња ножици за кроење, како и делови за ножици, кои се пронајдени во кутии кои биле скриени меѓу седиштата на возилото.
Мобилен царински тим и Службата за мобилни скенери на наплатна станица Росоман сопреле автобус за контрола во кој откриле поголема количина производи за кои не се платени увозни давачки. Станува збор за 50 литри масло од црно семе, шампони, над 120 парчиња облека, 25 женски чанти и 49 штеки цигари без акцизни маркички кои се откриени во каналите за вентилација на автобусот, под седиштата и во багажниот простор во автобусот. Возачот, македонски државјанин кој се пријавил како сопственик на производите, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки за нив.
Откриена е и осцилациона и вибрирачка опрема што се користи во индустријата со вкупна вредност од 357 илјади денари, од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин „Табановце“. Непријавената опрема е пронајдена во приколката наменета за багажот на автобусот со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.
Пронајдени се и два лед телевизори во товарниот дел на комбе со белгиски регистарски таблички, управувано од белгиски државјанин, кој го пријавил како празно на влез во државата на граничниот премин „Блаце“.
Ново на Сител
-
Сончево и релативно топло, по котлините магла и ниски облаци
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“