Loading Video...
Фудбал
23. October 2021 - 18:45

Срамно судење во Кратово, кратовци бараат ФФМ да реагира

 
 
И покрај скандалозното делење на правдата од страна на главниот судија Игор Иванов, кратовски  Силекс сосема заслужено дојде до минимален триумф над Беса. 
 
Погодокот со кој кратовци го срушија бункерот на гостите беше дело на Ѓорѓи Танушев во 78-та минута.
 
Но, сето она што претходеше на голот беше судиска лакрдија во режија на велешанецот Игор Иванов, кој очигледно по нечија наредба судеше на штета на Силекс. 
 
Иако кратовци доминираа 90 минути и заслужија убедлив триумф, судијата Иванов на перфиден начин се обидуваше да им го отежне патот до победата. Кратовци реагираат на недосуден пенал во првото полувреме, а особено се гневни на судиската одлука во 70-тата минута. 
 
По еден груб старт на гостински фудбалер, наместо Иванов да му додели втор жолт и исклучување, тој пожолте двајца играчи на Силекс поради приговор.
 
Иако нешто подоцна Силекс стигна заслужено до трите бода, останува горчливиот вкус дека некој води хајка против клубот од Кратово. Од таборот на Силекс отворено прашуваат, дали Иванов примил награда од друг клуб за ваква срамна арбитража? Воедно, кратовци бараат од фудбалската федерација жестоко да го казни Иванов за бламажата во Кратово, а во иднина да им обезбеди фер услови за игра, без да се фаворизира било кој клуб.