Loading Video...
Балкан
29. January 2021 - 17:01

Србија доби нова пратка ,,Спутник‘‘, регистирани минимални несакани реакции

Имунизацијата во Србија е во тек, а граѓните можат да бираат меѓу вакцините на Фајзер, Спутник и Синофарм. Српските здравствени институции внуимателно ги следат несаканите реакции кај вакцинираните. Од досега вкупно 409. 000 вакцинирани граѓани, негативни реакции се регистрирани кај 62 лица. Од нив 35 имале реакции откако ја примиле американската Фајзер, 26 кинеската Синофарм, и една на Спутник. Нуспојавите се најчесто локални, но има и општи, велат надлежните.

Особено внимателно се следат лицата кои се склони кон алергии. Но, тоа не значи дека тие не смеат да се вакцинираат, туку дека треба прво внимателно да се испитаат.

Србија е лидер во регионот по имунизација, но и меѓу првите во Европа и во светот.