Србија ги затвори сите гранични премини и го укина меѓуградскиот сообраќај
![]()
Во Србија утринава се регистрирани 118 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, 15 повеќе од вчера, веќе петти ден на сила е вонредна состојба, од втор ден на сила е полициски час и забрана за излегување на постарите од 65 години, а од утринава се затворени и сите гранични премини за патнички, железнички и речен сообраќај, како и меѓуградскиот сообраќај, освен за патнички возила.
Како што јави дописникот на МИА, во текот на минатата ноќ на 19 лица одреден им е притвор поради кршење на мерката за самоизолација.
Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави за РТС дека втората вечер од полицискиот час во Србија била релативно мирна и им се заблагодари на сите што ја сфатија важноста да бидат сериозни и одговорни. Тој изјави дека вкупно 154 лица се уапсени поради кршење на мерките на Владата. Исто така, од осум часот утрово, во кампот во Моровиќ, крај Шид, во карантин се ставени 66 лица, кои влегле во Србија од жариштата на пандемијата и оние кои ја прекршиле мерката за самоизолација.
Тој додаде дека од 14 март до денес во Србија влегле 76.000 српски државјани и дека ова е огромен притисок врз полицијата, која мора сите да ги повика на телефон и да провери дали ги почитуваат мерките за изолација.
Полицискиот час, што трае од 20 до 05 часот, најавено е дека ќе биде проширен, а од денеска во Белград во овој временски интервал укинат е целиот јавен превоз.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е воено слаб, но „добар“ во ширење лажни информации
-

Почина чичко Драги, човекот кој се грижеше за уличните кучиња од Рекорд
-

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје
-

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“
-

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
-

91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување
-

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
-

Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва
