Loading Video...
Свет
24. November 2022 - 17:35

Србија и Косово се договорија за спорот со регистарските таблички

Србија и Косово со помош на ЕУ постигнаа договор за проблемот околу регистарскките таблички, кој веднаш беше поздравен од САД. 

Синоќа во Брисел  преговарачите на Косово и Србија  Бесник Бислими и Петар Петкович се договорија  Белград  да  престане да издава  КМ регистарски таблички за србите во Косово додека Приштина  вети дека нема да ги опeменува и казнува граѓаните кои не ги смениле табличките со српски ознаки со таблички РКС.

Регистерските таблички се мала тактичка победа која нè води до уште поголем притисок на кој ќе бидеме подложени, ни претстојат тешки времиња“, рече претседателот на Србија додека косовскиот премиер појазни дека  договорот за регистарски таблички ќе остане додека не завршат преговорите за француско-германскиот предлог

Околу 80 проценти од домаќинствата во главниот град на Украина  се без струја и вода по вчерашните руските напади. Градоналникот на Киев  истакна дека надлежните служби вложуваат максимални напори за обновувањето на снабдувањето со електрична енегрија и вода.  

Руската страна пак информираше за украински напади околу нуклеарната централа Запорожје.  Во меѓувреме Москва и Киев разменија  затвореници, зарабени уште во првите денови од војната додека ЕУ  објави дека го подготува деветтиот пакет санцкии против Русија. 

Тоа ќе  биде одговор на последните руските напади врз Украина кои оставија милиони украинци без струја, вода и топлина на температури под нулата рече шефицата на ЕК, Фон дер Лајен.

Рускиот државен гасен гигант Гаспром се закани дека од понеделник ќе ги намали испораките на гас кон Европа преку крахот Пријателство, којшто поминува  низ  Украина.  

Причината е тоа што Украина задржува дел од гасот додека се испорачува низ нејзината територија соопшти Гаспром, обвинување кое го демантира Украина. Во исто време Федералната служба за безбедност  на Русија објави дека спречила  обид на украинските специјални сили да извршат саботажа и терористички акт на гасоводот  Турски тек  кој се користи  за испорака на руски природен гас  до Турција и Европа преку Црното море. Во операцијата биле уапсени неколку руски државјани кои  според ФСБ   биле вклучени во подготовката  на нападот.