Средба Ковачевски-Схинас, се разговарало за миграцијата и скрининг процесот за членство во ЕУ
Зајакнувањето на капацитетите на земјата за надминување на предизвиците со илегалната миграција, но и скрининг процес што и претстои на земјава биле темите на разговор на средбата што премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска ја имал со потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас.
-На состанокот беше истакнато дека Република Северна Македонија останува посветена на управување на сите релевантни аспекти на надворешните миграции. Имајќи ги предвид миграциските текови и нивното влијание врз демографскиот и социо-економскиот развој, Република Северна Македонија со години неуморно и посветено работи со цел успешно справување со миграциската криза, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Премиерот Ковачевски на состанокот посочил дека заедно со европски партнери, како и други земји од Западен Балкан, успеавме, најдобро што можеме, да се справиме со миграцијата.
Од декември 2015 година па наваму на јужната граница континуирано се имплементира меѓународна заедничка операција во која учествуваат странски полициски службеници од осум европски земји.
Како што се наведува во соопштението со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, што се очекува да се случи во најкраток временски рок, ќе се отвори можноста за распоредување на сили на ФРОНТЕКС на територијата на Република Северна Македонија, што уште повеќе би придонело во поглед на успешното справување со нелегалната миграција.
Ново на Сител
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи