Средба на текстилни компании од Македонија и Бугарија

Текстилно трговско здружение - Текстилен кластер од Штип и Здружението „Гранкова организација за текстил и облека” од Ќустендил денеска ќе ја одржат првата работна средба во рамки на проектот „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ“ по програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Во рамки на настанот, што ќе се одржи во Штип, за членките на текстилните кластери од двете земји, денеска и утре се организира и работилница на тема „Креирање визија за регионот". Предавачи на обуката ќе бидат експерти од компанијата УМФ Тренинг.
- Целта на работилницата е креирање регионална визија за компаниите од индустријата и составување регионален одбор за развој на регионот, преку идентификување на мислењата на претставниците на текстилните компании од Македонија и Бугарија за моменталната состојба во секторот во пограничниот регион, дефинирање на проблемите со кои се соочуваат и како се гледаат во иднина, односно како го замислуваат регионот, што сакаат да постигнат и како пограничниот регион сакаат да биде виден и препознаен од страна на локалната популација, бизнис секторот и националните и интернационалните партнери, наведуваат организаторите.
На работилницата ќе треба да се дефинираат и „Регионални точки на различност", за да се укаже на спецификите на регионот со кои тој се разликува од останатите и како ќе се презентира на пазарите.
На вториот ден од настанот ќе се одржи работна сесија на која ќе се сумираат заклучоците од работилницата, и експертите заедно со текстилните компании од Македонија ќе ги финализираат предлозите за креирање на Регионалната визија на регионот.
Ново на Сител
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
