Средба на вицепремиерот Димитров со новoименуваната српска амбасадорка Јовановиќ
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше прва средба со новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ.
– На средбата беа разменети мислења за билатералната соработка на двете држави во контекст на евроинтеграцискиот процес, а во светло на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје неделава, на кој ќе учествуваат премиерите од двете држави, соопшти Секретаријатот за европски прапања.
На средбата вицепремиерот Димитров ја истакна важноста на регионалната соработка во подготовката за членство во ЕУ, но и заради зајакнување на стабилноста и отпорноста на регионот.
– Поврзувањето на регионот и продлабочувањето на блиската соработка на нашите земји значи придонес кон постабилен и поотпорен Западен Балкан, а воедно е и значаен сегмент за процесот на европеизација на регионот. Заемната поддршка за исполнување на стратешките цели и приоритетите на секоја земја и обединетоста кога станува збор за прашања кои го засегаат регионот се во полза како на националните, така и на колективните интереси. Тоа е потврда за зрелоста на регионот и способноста за носење на одлуки и демонстрирање лидерство кога станува збор за мирот и просперитетот на Европа, нагласи Димитров на средбата.
Соговорниците разговараа и за актуелностите во однос на состојбите во регионот и очекувањата врзани за европската перспектива чие доследно реализирање подразбира приоретизирање на политиката на проширување преку одлучност и динамика на пристапниот процес.
Тие изразија очекување дека позитивниот тренд во билатералната соработка ќе продолжи и во иднина, како во однос на економско-социјално зајакнување на регионот, така и во рамки на градењето на заедничката европска иднина и споделувањето искуства во процесот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација