Средношколци од семејства со ниски приходи може да аплицираат за надомест за школски прибор
Министерството за образование и наука го објави повикот за аплицирање за еднократна финансискa поддршка од 3.000 денари за купување училиштен прибор за ученици запишани во јавните средни училишта во 2020/2021, кои се од семејства со ниски примања, согласно со уредбата со законска сила донесена во јуни.
Финансиската поддршка за школски прибор, за која може да се аплицира во наредните десет дена, е наменета за ученици постари од 16 години на денот на влегувањето во сила на оваа уредба и се членови на семејно домаќинство во кое остварениот просечен месечен доход во семејството по сите основи за 2019 година не е поголем од просечната исплатена нето-плата по вработен за март 2020 година, според Државниот завод за статистика.
Училиштен прибор се: тетратки, листови за боење (блок за цртање), прибор за пишување, прибор за боење, бои, училишни торби (ранци), гуми за бришење, острилки за моливи, прибор за пенкала и моливи, технички моливи, калкулатори, глина за моделирање, линијари, шестари, лектири, Брајова хартија, како и спортска опрема (спортски обувки и спортска маица и спортски панталони) за потребите на наставата за спорт и спортски активности.
Рокот за пријавување на учениците трае до 17 август 2020 на интернет-платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk односно www.digjitalizohu.mon.gov.mk или со доставување на документите во Министерството за образование и наука.
На наведената интернет-платформа Министерството за образование и наука најдоцна до 10 септември ќе ја објави листата на корисници на средства за купување училишен прибор и ќе ја достави до банките издавачи на домашна платежна картичка.
Во известувањето на МОН се наведени потребните документи и упатството за аплицирање.
Како што беше соопштено на донесувањето на уредбата, по објавување на финалната листа, корисниците на еднократниот надомест ќе треба да го искористат најдоцна до 15 октомври и само за намената за која им е доделен. Парите ќе им бидат префрлени на платежна картичка за домашни производи и услуги, а ако не ја поседуваат, дополнително ќе им биде издадена.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд