Џет-Сет
1. јуни 2016 - 10:56

Српскиот пејач ја претепа сопругата: И го скршил черепот

Познатиот музичар и танчер, Гаги Џогани, ја претепал невенчаната сопруга и и ги исфрлил сите работи од прозорецот. Како што ексклузивно дознава српскиот Ало, Гаги ја претепал 36-годишната Милена Микиќ, поради што е задржан во полиција.

Инцидентот се случил во петокот, неколку минути пред полноќ. Несреќната жена едвај повикала полиција и брза помош. Во Ургентниот и констатирале тешки телесни повреди на главата. Од ударите пејачот и го повредил черепот. Соговорник од Клиниката тврди дека несреќната Милена има нагмеченици и напукнатини на черепот.

Се почналосо ситна расправија, која кулминирала кога Гаги се разбеснил, загубил контрола и ја претепал. 

Соседите велат дека често се слушале кавги од нивниот стан.

Гаги не одговара на повиците на новинарите.