Српското МВР собра докази дека Вучиќ бил нелегално прислушкуван

По налог на Обвинителството за организиран криминал, работната група на Министерството за внатрешни работи сослушала голем број луѓе и собрала докази што укажуваат на тоа дека претседателот Александар Вучиќ и членовите на неговото семејство биле незаконски прислушувани, соопштија од МВР, јави дописникот на МИА од Белград.
-Во согласност со член 27 став 2 од Законот за организација и надлежности на државните органи во сузбивање на организиран криминал, тероризам и корупција, соопштуваме дека известувањата добиени од лица осомничени дека се поврзани со случајот со прислушувањето на претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, доставени се на понатамшна надлежност до Обвинителството за организиран криминал, се наведува во соопштението на МВР.
Се додава дека Работната група на Министерството за внатрешни работи продолжува да работи по барање на Обвинителството за организиран криминал.
Министерот за внатрешни рабори Александар Вулин изјави дека детално го информирал претседателот Вучиќ за резултатите од досегашната предистражна постапка.
Пред две недели, Вучиќ објави дека има докази дека бил прислушуван година и пол, дека станува збор за директен обид за државен удар и дека во прислушувањето „несомнено е дека учествувал и странски фактор“ , додавајќи дека не ги обвинува странците, „кога пред се се замешани наши“.
-Ова дојде до мене, бидејќи имаше чесни полицајци кои ми го донесоа, кажа Вучиќ, кој додаде дека му биле доставени дискови на кои биле снимени неговите прислушувани разговори.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
