ССМ: Министерот Чулев врши притисок врз синдикатот

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска обвини дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев врши притисок врз синдикатот и формира паралелен синдикат во Министерството со цел да се замолчи Македонскиот полициски синдикат.
Претседателот на ССМ Дарко Димовски на прес-конференција побара министерот Чулев, како што рече, да ги тргне рацете од синдикатот и обелодени дека седниците на највисоките тела на Синдикатот – Советот и Претседателството, се одржуваат со присуство на инспектори од МВР.
– Тоа за нас е недопусливо бидејќи со тоа се крши Конвенцијата 87 за слобода на здружување и затоа сме приморени да ги информираме сите релевантни домашни и странски институции и ќе побараме помош за немешање на институциите од власта во организирањето и дејствувањето на ССМ, рече Димовски.

Информираше дека во изминатите две недели тој лично двапати бил викнат во полициска станица и бил информиран дека против него е поднесено кривична пријава.
– Никој не може да му се заканува на синдикатот. Имаме програмски определи и ќе ги исполнуваме, рече Димовски, упатувајќи апел дека мора да се почитуваат законите и Општиот колективен договор и Законот за работни односи да биде темелот на рабптничките права.
Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев посочи дека во март на состанок во Кабинетот на министерот добиле директна закана дека доколку не претстанат со нивните барања, ќе биде формиран нов синдикат.
– За жал, заканата што ја добивме во Кабинетот на министерот почна да се исполнува. На 29.04 во МТСП е регистриран нов, трет синдикат на полицијата и на 13.05 е запишан во Централниот регистар, а на 2.06 со договор спротивен на законските прописи и колективниот договор на МВР ја крунисаат соработката, истакна Кицев, барајќи од Владата да го поништи овој договор.

Посочи дека во изминатиот период набавиле и поделиле заштитна опрема во маски, визири и средства за дезинфекција за нивните колеги на терен.
– Направивме работи на терен што требаше да ги направи МВР, рече Кицев.
Ново на Сител
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
-

Без вода корисниците од улиците „Вашингтонска“, „Че Гевара“, „Црноок“ и „Бутелски Венец“
