Македонија
11. February 2026 - 12:14

ССМ утре продолжува со блокадите

ССМ утре на пладне продолжува со блокадите, овој пат блокада ќе одржат пред Стопанската комора на Македонија.

По завршување на блокадите на 17 февруари Синдикатот најавува уште еден голем протест за кој ќе има и организиран превоз за работниците од другите градови, а доколку и тоа не вроди со плод и Владата не прифати минимална плата од 600 евра и линеарно покачување на сите плати за 100 евра, тогаш ССМ најавува и генерален штрајк, како во јавниот, така и во приватниот сектор.