Loading Video...
Свет
13. April 2021 - 16:38

Стано: Позицијата на ЕУ за Западен Балкан е многу јасна - Нема што да се менува

Позицијата на ЕУ за границите на Западен Балкан е јасна - ништо не треба да се менува. Портпаролот на Европската комисија Петер Стано ја даде изјавата отккао дел од медиумите во регионот објавија дека словенечкиот премиер Јанша во Брисел испратил нон пејпер документ за промена на границите на Западниот Балкан.

Стано вели дека комисијата не за запознаена со таков документ. Јанша ги демантираше медиумските натписи во кои е наведено дека тој предлага промена на границите на Западен Балкан и поделба на Босна и Херцеговина по етничка основа.

Дел од словеченките медиуми јавуваат дека Јанша на претседателот на Европскиот совет му го предал документ преку тајни канали.