Loading Video...
Фудбал
18. February 2020 - 11:47

Стартува нокаут фазата во Лигата на шампиони

По дво месечна пауза вечерва продолжуваат возбудувањата во фудбалска Лига на шампиони и тоа со првите дуели од елиминациската фаза. 
 
Во Мадрид и Дортмунд вечерва ќе се играат првите натпревари од осминафиналето. 
 
На „Ванда Метрополитано“ кај Атлетико гостува актуелниот шампион Ливерпул. 
 
Англискиот тим има блага улога на фаворит, но полуларните „јорганџии„ најавуваат дека нема да им се повтори минатогодишната елиминација во осминафиналето од Јувентус, но во редовите на Ливерпул потсетуваа дека токму на овој стадион лани го освоија пехарот во елитното натпреварување.
 
Во Дортмунд фудбалерите на Борусија ќе имаат тешка задача во дуелот со францускиот првак ПСЖ, од чии редови потенцираат дека не планираат да го завршат натпреварувањето во оваа фаза. 
 
Двата натпревари започнуваат од 21 часот, термин во кој утревече своите први средби ќе ги одиграат Аталанта – Валенсија и Тотенхем – Лајпциг.
 
Следниот седмица на програмат се првите дуели од останатите четири осминафинални париви, во кои ќе играат: Челзи – Баерн Минхен и  Наполи – Барселона во вторник, односно, Реал Мадрид - Манчестер Сити и Лион – Јувентус во среда.