Фудбал
2. September 2015 - 13:49

Стартуваше „Скопје 2015“ во Ново Лисиче

Нов празник за љубителите на малиот фудбал во населбата Аеродром. 

Во Спортскиот центар „Ново Лисиче“ стартуваше  четвртиот турнир во мал фудбал „Скопје 2015“, со учество на  41 екипа од цела Македонија. 

Почетниот удар беше резервиран за  градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски кои го означија официјланиот почеток на турнирот. 

Првиот натпревар го одиграа екипите на УМС и Рома, кој заврши со резултат 3:1.

Турнирот, кој ќе трае еден месец, го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците.

Прва награда 120 000 денари, втора награда 60 000 денари и комплет дресови за третопласираната екипа.