Стејт Департментот нотира висока корупција и неефикасно судство во извештајот за човекови права
Неефикасно судство и висока корупција се нотирани во последниот извештај за човекови права на Стејт департментот.
Се наведува дека ваквите состојби се должат на ограничената независност на правосудниот ситем , политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање.
Корупцијата пак се поврзаува со со доминантната улога на Владата во економијата и фактот дека преку јавната администрација државата е најголем работодавач.
За ваквите состојби ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваат функционерите на СДСМ и владата на Заев.
Техничкиот премиер пак вели дека целосно се свесни за забелешките на Стејт департментот, а во насока на справување со овие проблеми се прават реформи.
На светско ниво значајни прекршувања на човековите права се регистрирани во Иран, Кина, Саудиска Арабија и Венецуела..
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар