Стерјовски: Мора да се регулира учеството на малцинствата со загарантирани места во Парламентот
На денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, побара во новиот изборен законик загарантирани места за малцинстава.
-Со оглед на тоа што сегашниот изборен систем не гарантира можност за застапување на малцинствата во парламентот, неопходно е да се направат соодветни интервенции во Изборниот законик.Мора да се регулира учеството на малцинствата со загарантирани места во парламентот, каде малцинствата ќе го имаат својот глас, затоа што никој подобро од нивните претставници не може да ги брани и да ги адресира проблемите на малцинствата, рече Стерјовски.
Посочи дека создавањето можности за застапеност на малцинствата во парламентот доаѓа како обврска што произлегува од меѓународните конвенции за заштита на националните малцинства, како и од меѓународните организации кои се занимаваат со прашањето на малцинствата, нивните права и слободи, со посебен акцент на нивното учество во политичките системи.
-Во име на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција Ве уверувам дека, заедно со другите претставници на малцинствата во Албанија, нема да престанеме во напорите да овозможиме измени во нашето законодавство за парламентарно претставување на малцинствата.Со тие измени ќе ја рангираат нашата земја во една од најнапредните демократски држави во однос на претставување на малцинските групи,порача тој.
Стерјовски уште со оценка дека договорот постигнат во Политичкиот совет за изборната реформа не ја исполнил целта што
ја бара албанското општество за безбеден и кредибилен изборен процес што го штити слободното гласање на граѓаните.
-Овој договор треба да се разгледа, во сеопфатен и консензуален процес во кој ќе бидат вклучени вонпарламентарната и парламентарна опозиција, мнозинството, како и граѓанското општество и да ги направи потребните интервенции во изборниот законик, каде да се решат прашањата поврзани со изборниот систем, отворени листи, деполитизирана изборна администрација, електронско броење, гласање на дијаспората, загарантирани квоти за малцинствата во парламентот и друго,рече Стерјовски од собраниската говорница.
Стерјовски заедно со група пратеници од опозицијата деновиве јавно се изјаснија дека нема да гласаат за изборниот законик,доколку не бидат вметнати нивните барања,меѓу кои и загарантираните пратенички места за малцинствата.
Изборните реформи се еден од 15-те услови што треба да ги исполни Албанија за почеток на преговорите со ЕУ.
Ново на Сител
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
