Стевоски: Одговорност ќе понесе секој што на било кој начин придонел за задолжувањето на Охрид
Кандидатот на партијата Демократи за градоначалник на Охрид Стевче Стевоски се огласи по повод темата околу раздолжувањето на Општина Охрид, најавувајќи дека во неговиот градоначалнички мандат ќе спроведе темелна истрага кој го направил задолжувањето, како и одговорност за субјектите кои со своето однесување го креирале милионскиот долг.
– Создадениот долг е последица на сторено кривично дело, а може да се каже дека постојат и индиции за намерно задолжување на општината, за преку определени субјекти по пат на наплата на обештетување противправно да се стават пари в џеб, рече Стевоски.
Притоа тој најави дека градот на може да се развива се додека не поднесат одговорност лицата кои го задолжиле градот за 50 милиони евра.
– Одговорност ќе се бара за сите инволвирани, независно за време на чиј мандат и тоа од најниските до највисоките функции, рече Стевоски.
За најголемите политички партии во земјата подбивно рече дека се близначки од мајка „Мафија“ и татко „Јуда“.
– Госпоѓи, сестри близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, во врска со историскиот срамен ден за Охрид кога направениот криминал од Вас и само од Вас истиот треба да го плажаат сите граѓани на Македонија, одговорно тврдам дека Македонија ќе биде правна држава каде зборот долг е исто што и кражба, а со цел стекнување имотна финансиска корист на птета на народот. Поради оваа двојна кражба на народни пари со кои се субвенционира криминалот во земјата паролата „Ќе си лежите„ се заменува со „Ќе си лежиме сестро“, порача Стевоски.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија