Македонија
29. March 2020 - 14:29

Сто и две лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето

263 граѓани ја прекршиле мерката полициски час во текот на вчерашниот ден. Од нив 102 лица завршиле во станица. 46 биле опоменати а за останатите се изготвени записиници и проследени до Обвинителство. Полицијата при проверка на објекти казнила и три фирми како работат спротивно на мерките.

180 лица од вчера се со решение за изолација а 98 потпишале за самоизолација. Тројца граѓани ја прекршиле безбедносната мерка и излегле спротивно на законот.

Полицискиот час за време на викендот почнува од 16 часот и трае до 5 изутрина.

Лице од Кочани заработи ркивична пријава за напад на полициски службеници кои регулирале сообраќај. Вандализмот не мирува за време на полициски час, во среде кражба во Прилеп се фатени двајца мажи. Тие со себе имале металн предмети за кои постои сомнеж дека се употребени при крадење. 53 годишна жена во главниот град го нарушувала јавниот ред и мир по 16 часот и при легитимирање, агресивно се однесувала со полициајците. Вандализам е регистриран и на граничниот премин Деве Баир каде вработен во АХВ пријавил дека непознат сторител ја оштетил таблата со државното име на објектот на агенцијата.