Македонија
30. January 2023 - 12:19

Стоилковски: Таравари е смешен

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски беше прашан од медиумите за тоа што Алијанса вели дека ВМРО-ДПМНЕ е нереформирана и дека Алијанса е за европски начин за однесување.

„Сигурно е европски Таравари да го моли ВМРО-ДПМНЕ да гласа за него во Гостивар, тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше реформирано. Кога Алијанса се потпиша за пад на владата, Таравари се потпиша за ВМРО или против ДУИ? Европската идеја не е молење и уценување за функции и вработување на членови на партија. А, Таравари влегува во владата во чие време се отселени пет пати повеќе луѓе отколку последните 20 години“, нагласи Стоилковски.

Портпаролот додаде дека Таравари смешен е како се обидува да се оправда себе си и желбата за гола власт и функции, и што му текнало дека е за Европа, и тој заедно со Артан, Бујар, и редица други европјани ќе нѐ внесуваат во Европа.

„Веруваме дека и самиот си се смее навечер на сопствените изјави и лицемерието, кои се толку проѕирни што и од тој агол и Мендух Тачи би бил визионер“, истакна Стоилковски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ