Стојаноска: ЈО да реагира, бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми
Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владеачкото мнозинство во Собранието. Вчера на комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници.
Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата . Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството.
Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен. Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата.
Основот за ова насилие е носење на закон за противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владеачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка.
Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува.
Ваквата нервоза и насилство го покажува тоталитарното лице на власта, но во исто време и слабоста и очајот кој владее кај нив затоа што знаат дека паѓаат.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација