Столтенберг ѝ порача на Русија „без одлагање” да се придржува кон Договорот за нуклеарни проектили

Москва мора целосно да го почитува, без одлагање, Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ) меѓу Русија и САД, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, истакнувајќи дека новиот руски проектили со среден дострел го става договорот во „сериозна опасност”.
ИНФ, потпишан во 1987 година, забранува нуклеарни проектили со дострел до 5.500 километри. Договорот ги постави основите на европската безбедносна архитектура, ограничувајќи го ризикот од нуклеарен напад, јави ДПА.
Сепак, САД ја обвинуваат Русија за кршење на договорот со крстосувачката ракета „Новатор 9М729“, позната и како „ССЦ*“, претставена претходно оваа година. Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец се закани дека ќе се повлече од договорот.
НАТО, исто така, ја предупреди Русија за новиот ракетен систем.
– ССЦ-8 е мобилен и лесен за криење. Тој е способен да носи нуклеарни боеви глави, го намалува времето на предупредување до неколку минути, го намалува прагот за нуклеарен конфликт и има дострел до европски главни градови, наведе шефот на НАТО во денеска објавените авторски текстови во италијанскиот весник „Ла република“ и шпанскиот „Ел паис“.
– Активностите на Русија го поткопуваат Договорот ИНФ, ставајќи го во сериозна опасност, додава Столтенберг, истакнувајќи дека Вашингтон функционира во „целосна согласност” со Договорот.
Ова прашање се очекува да биде на дневен ред на средбата на министрите за надворешни работи на НАТО следната недела.
– Договорот што е почитуван од само една страна … нема да нѐ заштити, вели Столтенберг. Ако договорот повеќе не влијае врз реалноста на теренот, тогаш тоа не е ништо повеќе од едно парче хартија”, оценува тој.
Ново на Сител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
