Стопанската комора на Македонија и Македонија 2025 ќе ја унапредуваат соработката

Меморандум за соработка за зацрврстување на деловната комуникација помеѓу бизнис заедницата во земјава и македонските бизнисмени во странство потпишаа Стопанската комора на Македонија и Македонија 2025. Меморандумот го потпишаа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на одборот на директори на Македонија 2025 Вера Ставроф.
Целта, соопшти Стопанската комора на Македонија, е со заеднички активности на Комората и „Македонија 2025“, домашните компании да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.
Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката и зголемени извозно-увозни активности, организација на трибини, презентации, конференции од заемен интерес, трансфер на знаење преку различни форми на едукација (семинари, обуки), организирање и спроведување заеднички истражувачки проекти.
-Стопанството во една држава може да оставарува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности, вели претседателот Азески, и истакна дека со потпишување на Меморандумот со “Македонија 2025“ се формираше кругот од сите бизнис институции кои на локално, регионално и меѓународно ниво ги поддржуваат компаниите ставајќи им ги на располагање ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти и им ја отвора по смело вратата на странските пазари.
Потврда за тоа, како што стои во соопштението, е работата на фирмите во рамки на здруженијата, асоцијациите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка е на Асоцијацијата на Балкански Комори, на EUROCHAMBER, активно е вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан, а е воспоставена официјална соработка и со “Македонија 2025“.
Претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025“ Вера Ставроф, изрази благодарност за воспставената соработка со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на подршка во иновативни процеси со цел поттикнување на извозните активности на компаниите.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
