Стотици луѓе демонстрираат во турскиот град Дикили против враќањето на мигранти од Грција
Стотици луѓе демонстрираат во крајбрежниот турски град Дикили против договорот меѓу Турција и ЕУ, со кој се предвидува враќање на мигранти во Турција од Грција.
Договорот предвидува оние кои нелегално ќе стасаат до бреговите на Грција, да бидат вратени назад во Турција, освен ако не добијат азил во Грција. Во замена за тоа, ЕУ и понуди на Турција финансиска помош и политички отстапки, вклучувајќи забрзување на преговорите за членство во ЕУ.
Турција треба да ја добие првата група вратени мигранти во понеделник. Според грчката новинска агенција АНА станува збор за група од 750 мигранти.
Се планира изградба на приемен центар во турскиот град Дикили, што предизвикува незадоволството кај локалното население. Градоначалникот на градот Мустафа Тосун изјави дека граѓаните категорично се против бегалски камп во Дикили.
Демонстрантите изразија загриженост во врска со ефектите кои може да ги има договорот со ЕУ врз економијата, туризмот и безбедноста во нивниот град.
Ново на Сител
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид