Бизнис
10. May 2021 - 16:46

Странските инвестиции ги одбиваат домашните компании поради скапите услуги со лош квалитет

Скапи услуги, лош квалитет, бавна испорака и непочитување на договорите -  ова се главните забелешки на странските компании зошто одбиваат да соработуваат со домашните  фирми. Податоците говорат дека само еден осто од вкупните набавки се од македонски добавувачи. Главно ги користат  услугите за обезбедување,   хигиена, струја , вода. и  набавка на храна. Состојбата мора да се промени, а за тоа финансиски ќе помогне и државата, вели првиот човек на ТИРЗ Деспотовски

Се отвора можност и за 300 до 400 македонски компании да  станат добавувачи на големите фирми од Западниот  Балкан. Целта е да се формира Дата на податоци, која ќе ги содржи сите заинтересирани фирми од 6-те земји од  регионот, па компаниите кои ќе имаат потреба од нив, лесно ќе можат да стигнат до соарботка. Но, за да станат конкурентни, ќе мора да поработат не само на квалитетот, туку и на менталитетот

Инаку, во моментов како добавувачи на странските компании кои работат во земјава се само 600 домашни фирми. Вкупната вредност  на склучени договори надминува нешто над 50 милиони евра годишно, сума која е многу мала, во споредба со потенцијалот за соработка.